ПРОГНОЗИ НА ВИКЕНД НАТПРЕВАРИТЕ

сабота, 13 март 2010 г.

Почнува „маратонот“ за Барса

После бурните три дена европски фудбал екипите се враќаат на домашните обврски. Некои крајно разочарани од елиминациите, други презадоволни од своите успеси, трети пак играа Европска Лига и веќе кројат планови за реваншите. Најголеми губитници неделава се Реал Мадрид и Милан. Екипите кои заедно имаат 15 титули во Лигата на Шампиони испаднаа уште во 1/8 финале. Доста болен беше нерешениот резултат на Реал со Лион три дена откако застанаа на чело на Примера поради подобрата гол-разлика од Барса. Сепак и Милан долго ќе ја памети оваа недела. Да се испадне од Јунајтед и не е нешто страшно. Ама на таков начин ?!

Додека дел од екипите беа инволвирани во значајните мечеви Европскиот фудбалски владетел Барселона одмараше. Затоа пак сега почнувајќи од недела на Барса и следува еден маратонски распоред во кој за 15 дена треба да одигра 5 меча. Што би се рекло секој трет ден фудбал. „Маратонот“ на Барселона доаѓа во време кога тимот е во мала резултатска, но и играчка криза. Затоа важноста на овие 5 меча е огромна. Едниот од нив одлучува за судбината во евро-сезоната, останатите се дел од првенството.

Првиот испит според името на противникот би требало да биде најтежок. Релативно незгодната Валенсија е добар противник за тежок натпревар кој може психолошки многу да влијае на самодовербата на екипата. Барселона ќе игра без Ибрахимовиќ кој во последно време и не игра баш во најдобра форма. Во негово отсуство екипата знае да постигнува голови. На седум натпревари без робусниот Швеѓанец во нападот Барса има дадено 19 гола. Затоа отсуството на Ибра не би требало да влијае на резултатот. Валенсија се мачи со својата форма. На последните два меча дома (Сантандер и Вердер) одиграа нерешено. На мечот со Вердер беа доминантни иако играа со играч помалку, но беа непрецизни во нападот. Давид Виља е неизвесен откако се повреди во четвртокот.

Ако ги собереме сите случувања пред натпреварот - резултатски и играчки очекувам дека Барса ќе слави една значајна победа. Шансите на Валенсија на Ноу Камп се прва да постигне гол. Сепак играчите на Валенсија би требало да се доста изморени. Ова за нив ќе биде 3-ти меч во 6 дена. Кога тогаш Барселона мора да „распали“.

Наредно во „маратонот“ на Барса е дуелот со Штудгарт. Ако некој остана должен после првите мечеви во ЛШ тоа секако е Барселона. Сепак искуството во вакви средби или подобро кажано неискуството на Германците и донесе на Барселона поволен резултат кој треба да се завери во реваншот.

Потоа следуваат три натпревари во Примера за една недела: прво гостување кај Сарагоса која игра добар фудбал на последните неколку натпревари; домашен натпревар со Осасуна и за крај едно од потешките гостувања во Палма де Мајорка против тимот кој игра извонреден фудбал на својот стадион - Мајорка.

Иако е сеуште рано барем што се однесува до крајот на Примера сепак овој маратонски период би требало да го даде одговорот за шампионот. Лично очекувам Барселона да влезе во препознатливиот ритам од лани и во овие пет натпревари да се врати на врвот. Барселона мора да почне да победува, па затоа добро е што оваа криза привршува без сериозни ефекти.

*******

Иако сезонава станува недостоен сепак би го прокоментирал тимот на Ливерпул. Потполно анемичен, неинвентивен и загубен е најтрофејниот Англиски тим. На последните два меча кои имав можност да ги следам (против Виган и Лил) Ливерпул прикажа очајна игра со едвај пет шанси за гол вкупно. Причините за ваквата игра веројатно се слабата форма на Џерард и Торес, но пред се Рафа Бенитез. Веројатно требаше да сфати дека не може да игра повеќе од 5 сезони со потполно иста тактика. Рафа требаше да смени нешто во стилот на игра, а не постојано да ја форсира истата физичка игра, со контри по грешка на противникот. Доколку продолжи вака веројатно догодина ЛШ ќе ја следат на телевизија. Па така царскиот рез кој треба да го направат, ќе го прават во уште потешки услови – со најверојатно заминати ѕвезди (Торес или Џерард).

Нема коментари: