ПРОГНОЗИ НА ВИКЕНД НАТПРЕВАРИТЕ

недела, 7 март 2010 г.

Тикет 07.03.2010

Тикетот за ова коло изгледа вака:

Интер

-

Џенова

1

(1,45)

Нинберг

-

Леверкузен

2

(1,75)

Евертон

-

Хал

1

(1,40)

Хофенхајм

-

Мајнц

1

(1,80)

Мајорка

-

Хихон

1

(1,80)

Марсеј

-

Лориен

1

(1,50)

-

Интер – Џенова 1

За оние кои го следеле натпреварот во првиот дел од сезоната и не треба да се објаснува. Значи Интер ја прегази Џенова со 5:0. Психолошката предност од таа средба треба да се валоризира со лесен триумф на Џузепе Меаца. Освен тоа најголемите ривали Милан и Рома ги поделеија бодовите. Ваква шанса Интер и Жозе нема да пропуштат.

Нинберг – Леверкузен 2

Баер Леверкузен игра одлична сезона. Предноста во однос на Баерн е тоа што не се оптеретени во некој од Евро-куповите. Затоа одморените играчи на Леверкузен треба да слават на гостувањето кај Нинберг.

Евертон – Хал 1

Евертон влезе во одличен ритам во првенството. За жал немаа среќа во Европската Лига каде испаднаа од Спортинг Лисабон. Враќање на победничките патеки против Хал е добра работа за момците на Дејвид Мојс. Имаат добра традиција против Хал. Чиста „единица“.

Хофенхајм – Мајнц 1

Хофенхајм игра одличен и ефикасен фудбал на домашен терен. Најтешките средби за нив поминаа. Беа поразени од големите екипи. Сепак Мајнц не е таква екипа. Хофенхајм победува. Размислете и за кец со хендикеп.

Мајорка – Хихон 1

Мајорка игра одлично пред своја публика. Вистински креативен фудбал од нога до нога со многу шанси за гол. Спортинг Хихон лесно прима голови. Единица!

Марсеј – Лориен 1

Формата на Олимпик Марсеј дава за право оваа средба да ја сметаме со голема сигурност како силен „кец“. Последните неколку изданија на Велодром се застрашувачки. Затоа би требало Марсеј да слави лесна победа.

Нема коментари: