ПРОГНОЗИ НА ВИКЕНД НАТПРЕВАРИТЕ

сабота, 23 јануари 2010 г.

Јануарска недела + типови

При крај сме со една интересна фудбалска недела барем што се однесува до трансфер шпекулациите и активностите во прес-салите на фудбалските гиганти. А како да не биде така кога е крај на јануари, а тоа е единствениот месец во екот на сезоната кога екипите може нешто да „закрпат“, нешто да засилат, нешто да изменат во своите состави. Сепак неделата не ја одбележа некој бомбастичен трансфер или најава за таков. Двата настани кои според мене вистински ја отсликуваат се „Продолжувањето на соработката на Пеп Гвардиола со Барса“ и „Избивањето на прво место на Арсенал во Премиер Лигата“.

Она што за многумина беше дилема, а најверојатно и во главата на младиот шпански стручњак после неделава веќе е јасно. Гвардиола ќе биде тренер на Барса до 2011! Дека е во право што размислуваше така долго – Да во право е! Постигна успех што тешко кога некој со своја екипа ќе го повтори, на пат е и годинава да продолжи со титулите, сеуште не знае за пораз во првенството, херојски ја издигна Барса после две „посни“ сезони па така Пеп размислуваше дали има мотиви да продолжи или не. За доброто на Барса тоа се случи.

Вториот настан е Арсенал. Во моите колумни од стариот блог неодамна пишував за најталентираната екипа во Англија, а можеби и во светот. Екипата составена од млади таленти од целиот свет, собрани и водени од Арсен Венгер. Малку е нереална сликата поради тоа што сите екипи имаат различен број на одиграни натпревари, но сепак останува фактот дека Арсенал се искачи на врвот. Гледајќи го натпреварот со Болтон и фантастичните погодоци кои ги постигнаа навистина и заслужија. Да се надеваме дека нема кратко да им трае и дека на крајот ќе се радуваат на титула која одамна ја немаат осетено.

****************

И така доаѓа и крај на неделата па повторно имаме редовни кола во лигите и во националните купови. Следува викенд со натпревари неблагодарни за типување, но сепак ќе дадам еден предлог на неколку натпревари кои може да ги искомбинирате на вашите тикети:

Манчестер Ј.

-

Хул

1

(1,25)

Ваљадолид

-

Барселона

2

(1,35)

Саламанка

-

Виљареал Б

1

(2,15)

Интер

-

Милан

(1,40)

Дортмунд

-

Хамбургер

3+

(1,70)

*

Ризични натпревари

*

Ридинг

-

Барнли

1

(2,60)

ВБА

-

Њукасл

Х

(3,20)

П.С. Ќе заборавев да го спомнам првенецот на Пандев. Нека му е со среќа!

Нема коментари: