Сепак се врти! Топката е тркалезна! Некогаш си на врвот, некогаш си долу. Додека си горе е слатко и убаво. Но, доаѓа време кога мора да го напуштиш тронот и да го препуштиш на некој друг, на твојот ривал. Дали е така и во моменталниот случај со Барселона и Реал Мадрид? Го препушта ли Барселона тронот на најлутиот ривал или тоа е фатаморгана и моментална слабост? Одговорот ќе го добиеме за од прилика недела дена. Еве ги моите видувања за моменталната ситуација и моја анализа за тоа како треба Барселона да настапи и да го помине Реал Мадрид:
Барселона ги живее своите златни години, години во кои вложувањата во „Ла Мазија“ почнаа да даваат плодови. Најлутиот ривал беше донесен до ситуација на пет последователни неуспеси во Ел Класико, беше донесен во ситуација да прими 6 гола на својот Бернабеу, „петарда“ на Камп Ноу и тотално демолирање во неколку наврати. Барселона почна да создава мит на непобедливост. Тимот почна да сее страв кај противниците со понижувања изразени со 5ки во мрежата, посед на топка над 80%, 0 удари кон својата мрежа, 700тини прецизни додавања по натпревар итн. Но дојде и тој момент – на патот на Барселона се исправува Жозе Мурињо, тренер со фантастични резултати зад себе, веројатно тренерското име број еден за последната деценија. Судбината сакаше 4 Ел Класико во 20 дена. Дојдовме до уште само 2 од нив. Пред почетокот на првото – шансите беа 70-30 за Барса. Но, во тој момент аутсајдерот се издигна од дното и комплетно ја сврте работата во своја корист. Во моментот имаме ситуација во која Реал Мадрид е фаворит во нокаут полуфиналето. Мурињо успеа со нему својствени методи на игра психолошки да ги издигне своите фудбалери, да им ја врати самодовербата, да им покаже дека може да се спротивстават на Барселона. Ја сум навивач на Барселона, но ќе бидам искрен - Во ова полуфинале почнуваме како аутсајдери (барем на првиот меч)!
Барселона има потреба од добар резултат на првиот натпревар. Тимот мора да се врати во игра. На тимот му е потребна добра партија, но не само добра игра, туку и поволен резултат. Издржани се зборовите на Пеп дека концепцијата и играта градена со децении наназад треба да се задржат, но сепак ова се нокаут натпревари па ниеден фан на Барса не би му замерил на Пеп доколку отстапи од својата филозофија. Овде не сугерирам на менување на филозофијата во смисла на повлекување во дефанзива, правење бункер, паркирање на автобус пред Валдес. Сугерирам на поинтелигентна формација – барање на слабите страни на противникот, подобро маркирање на квалитетните играчи на противникот, чување на силите па молскавични 15тина минути. Уште еднаш ќе повторам – не е ни малку лесно да се добие нокаут фаза, па макар противникот да биде и Шахтјор или било кој друг. Потребни се квалитетни 180+ минути.
На првата слика ќе ја погледнете мојата добитна формација, а подоцна ќе ја образложам.
![]() |
Моите идеални XI и поставеност |
Голманската позиција е 100% резервирана за Виктор Валдес. Валдес годинава е приказна за себе. Тој повеќе не е онаа „битанга“ што примаше смешни голови и правеше ужасни реакции после примен погодок. Валдес 2-3 сезони наназад е симбол на стабилност. Играч, а не голман на Барселона. Играч кој во текот на еден натпревар знае да направи повеќе пасови од еден Бензема на пример, кој знае да истрча повеќе од Ибрахимовиќ итн.
Одбранбената тројка би била – Маскерано, Пујол, Пике. Маскерано е играч кој знае да истрча за двајца. А десната одбранбена позиција честопати останува празна поради офанзивната улога на Дани Алвес. Пујол треба да биде поставен централно за да му се остави слобода на дејствување и корекција на евентуални грешки на последните играчи од средината. Пике лево!? Да Пике лево за да го маркира Роналдо. Пике покажа дека знае како да одигра против Роналдо. Во купот ја осетивме вистинската сила на Кристијано. Штом некој од средишните играчи на Реал ќе примеше топка веднаш се форсираше Роналдо во напад. Се покажа дека Адриано има гооолеми проблеми да се справи при високо нафрлени топки. Затоа идеален за таа лева бековска позиција е Пике. Во случај на присуство на висок напаѓач (Адебајор конкретно) може да дојде до комплетна смена во одбраната, односно редослед Пујол, Пике, Маскерано. Сепак тоа не е нешто неочекувано. Мурињо знае неколку пати во текот на еден меч да ја менува тактиката. Затоа на секоја негова промена Пеп треба интелигентно да одговори со ротација на дефанзивците.
Средина со Бускетс како заден среден. Немам посебен коментар. Бускетс не игра во блескава форма, но неговото разбирање и „дишење“ со Барса-филозофијата го прави супериорен во изборот за оваа позиција. Чави со слободна улога во средината, со простор да делува во сите можни насоки. Засилување на „ослабената“ лева одбранбена страна со присуство на Кеита во средината. Брзите пробиви на Роналдо мора да се спречат уште тука – Кеита е вистински за таа улога.
![]() |
Маркирање на офанзивните бекови на противникот и покривање на Кристијано |
Напад без Педро!? Виља централно, ослободен од непотребни шпринтови, комплетно насочен кон реализација на шансите. Меси десно! Едноставно мора да се размислува на ваква промена. Во текот на мечот Меси може да ротира и изигра на различни позиции. Но Меси мора да стартува десно. Постојат две причини: 1) Со присуството на Меси и Алвеш далеку десно. Се изолира офанзивното дејствување на Марсело – играч кој знае да создаде многу неволји. Уште поважно се одвлекува вниманието на Ди Мариа кој ќе мора да мисли почесто на враќање назад. 2) Конекцијата Меси-Алвеш годинава се покажа како убиствена. Сведоци бевме на неколку голови во кои двајцата ја разменуваа топката и по 4-5 пати пред финализација. Иниеста лево! Комплетно неутрализирање на Алваро Арбелоа и неговото офанзивно делување. Иниеста е играч кој знае да врзе за себе одбранбен играч и да го излуди во текот на мечот. Иниеста знае да реализира, Иниеста знае да проигра, Иниеста знае да погоди од секаде.
Често пати не можам да го разберам Пеп со неговите изговори зошто не ги прави 3те дозволени замени („Да не се наруши ритамот на тимот!“). Сметам дека ова е една голема заблуда и грешка во размислувањето. Потребно е да се искористат сите три замени и да се корегира било каква слабост во тимот, да се внесе свежа крв, да се внесе играч кој ќе даде импулс во натпреварот. Да не навлегувам во веќе поминати натпревари, но една од причините за неуспехот во Купот според мене беше не-освежувањето на составот во екстра-времето. Затоа во среда мора да се внимава на овие детали. Педро е одлична замена за после 60тата минута. Играч кој може да ја дотолчи (под претпоставка) изморената одбрана на Реал. Тиаго Алкантара, Жефрен и Афелај се исто така погодни за внесување брз фудбалер кој може да ја промени динамиката на мечот.
Ова е моето видување за поставеноста на Барселона која може да донесе поволен резултат, во најдобар случај победа. Демантирање на сите мислења за некаков пад на формата, демистификација на Мурињо и неговиот стил на водење на своите екипи, отстранување на сите сомнежи кој е најдобриот тим во последните 5-6 години. На крај на краиштата победа за мирен реванш и остварување на целта – финале на Вембли!
п.с. Вашите видувања и коментари слободно оставете ги во коментар под текстот.
п.с. Вашите видувања и коментари слободно оставете ги во коментар под текстот.
4 коментари:
Добра анализа. Мислам дека Пеп се изгуби во вториот дел на сезонава. Она што најмногу ме загрижува е како да нема доволно енергија и мотив во него. Каде е најголемата грешка? По мене, лежерноста на играчите откога ќе помислат дека го имаат противникот. Тоа проаѓа кај Алмериа и Мајорка, ама не и кај големи екипи (Арсенал од 0-1, 2-1, Интер лани 0-1, 3-1, а она што може да го одлучи поуспешниот од овие четири класика е моментот кога во Мадрид од 0-1, повторно дојде до опуштање и му се дозволи на Реал да дојде до 1-1). Тоа беше силен психолошки поттик за Мадрид, кој почна од тој момент да се тркала и како снежна топка до купот стигна до тој степен да они јадат живи луѓе, наместо крајната летаргичност на Барса, повторно ќе кажам, пренесена од Пеп. А тука се надоврзува и она што го пишуваш за измените. Потоа тука се и повредите. Сите го критикуваа Гвардиола на почеток поради малата екипа (19 играчи). Ама тој тераше некоја своја филозофија. Еден по еден паѓаат ко покосени. Никој не може да ме убеди дека тука не игра улога и психологијата на играчите. Ќе видиме како ќе биде вечер, но Пеп треба да се замисли како се дозволи Реал да прерасне во фаворит и покрај, како што викаш, митот за непобедливоста на Барса.
Се сложувам со твојот коментар. Останува да видиме вечерва: 1. Можеби ќе испадне на подобро тоа што Реал ја презеде фаворитската улога, 2. Очекувам некои од играчите вечерва да одиграат квалитетна партија по подолго време. Пред се тука мислам на Виља и Бускетс (донекаде и Педро)
mislam deka pep sepak ne pogresi so negovata filozofija sapak taa filozofija ni dondese nova titula vo la liga stignavme do finale vo kopa del rey i igrame polu-finale vo ligata na sampionite za nekoj drugi ekipi toa e samo dalecen son, zatoa nema potreba da zalime za propustenoto treba da se gleda samo napred.
p.s da se stigne do vrvot e lesno no da se odrzes na nego e mnogu mnogu tesko.VISCA EL BARÇA
Одлично кажано Миле. За еден „голобрад“ тренер (види наводници) како Пеп кој има само 3 години стаж ова е фантастичен успех и одлично одржување на врвот.
Објави коментар