ПРОГНОЗИ НА ВИКЕНД НАТПРЕВАРИТЕ

четврток, 28 април 2011 г.

Не е петарда, но ... (Реал - Барса 0:2)

Во мојот претходен текст напишав за митот на непобедливост кој Барса почна да го создава. За момент, ДА, но само за момент помисливме дека тој мит почна да бледее. Долг период е за еден Реал Мадрид 3 години да не може да се помириса титула, 6 години да си далеку од финале на ЛШ, 3 години да јадеш „ќотек“ во дуелите со Барселона. Премногу беше! Затоа и толку се радуваа на победата во Купот, затоа дури и на ремито 1:1 славеа како да победиле. Огромните вложувања и како шлаг на се доведувањето на (според многумина) најдобриот тренер се чинеше дека почнаа да даваат резултат. Една недела секој навивач на Реал беше на „седмо небо“! Драги мои толку Ви е доста! Вашите 5 минути помина.
Да, да, да! Нивните 5 минути поминаа, а сега ние славиме (и тоа среде Мадрид). Голем ден за Барселона! Голем ден за Меси и компанија! Голем ден за Пеп кој покажа дека не е „голобрад“ тренер. Пеп почна да победува и во прес салите, но како што и најави – „Ние ќе покажеме на терен“, така и направи. И таму Пеп победи. Фантастично издание на Барселона кое не сакам да го коментирам. Доволно е да се погледнат двете видеа подолу за да знаете кој е NUMERO UNO. Grande Messi, дефинитивно!
Нека ни е честита победата: Visca Barca!
п.с. Не е петарда, но боли како петарда!



Нема коментари: