ПРОГНОЗИ НА ВИКЕНД НАТПРЕВАРИТЕ

четврток, 11 февруари 2010 г.

Момент на вистината за Барселона

Иако е пресилно да се каже така, реченицата од насловот сосема соодветствува со моменталната ситуација во која се наоѓа Барселона. Спортскиот директор на најголемиот конкурент Хорхе Валдано неодамна изјави: „Барселона го ужива веројатно најдобриот фудбал во нејзината историја“. И навистина после сезоната на „triple double, Барселона со мало преструктуирање, со купување на играчи на позициите кои беше послаба – повторно продолжи со фантастичната форма од минатата сезона. После 21- лигашко коло сеуште Барселона има голема 0 на графата за порази. И понатаму противниците се мелат. И понатаму никој не може да изгради (дури ни бункер) стратегија да се надигра Барса во поле. Сепак и покрај се Реал Мадрид сеуште е блиску – само 5 бода заостанување.

Меѓутоа зошто следното коло го нарекувам „Момент на вистината“? Ситуацијата сакаше во една недела Барселона да загуби дури шест играчи од дефанзивата (Пике, Маркез, Абидал, Алвеш, Туре, Чигрински) и згора на се во недела да гостува на еден од неомилените терени - Висенте Калдерон. Барселона во последните години има многу шарена статистика на гостувањата кај Атлетико Мадрид. Секогаш тука се играло на гол повеќе. Атлетико е екипа која во последната декада нема забележителни резултати. Сезонава е како „скинат чевел“ – Штом малку ќе заврне веднаш накиснува. Сепак во каква и да бил ситуација – Атлетико против Барселона знаел да одигра, знаел да победува. Ситуацијата на Барселона е повеќе од тешка, а против себе во недела ќе имаат еден страшен напад составен од играчи како Форлан, Агуеро, Симао, Рејес...

Ако до вторник ситуацијата беше за „жолто светло“, па се случи повредата на Абидал, несреќата направи во среда да се повреди и Чигрински па сега Барса остана само со тројца играчи кои по вокација се дефанзивци – Пујол, Милито и Максвел. Колку се влијателни офанзивните бекови во играта на Барселона знае секој. Роналдињо немаше да биде Роналдињо без поддршката на Ван Бронхорст, Меси игра далеку послободно кога грбот му го чува Алвеш. Офанзивните бекови се една од клучните работи во 4-3-3 формацијата на Барселона. Меѓутоа во недела Барселона ќе ги нема најдобрите две опции на тие позиции. Дали ќе се одрази тоа на играта и резултатот? Каков натпревар треба да очекуваме?

Атлетико Мадрид би требало да одигра доста слободно и офанзивно. Тие немаат што да загубат. Нивната 12-та позиција на табелата не ги оптоварува воопшто за да играат под притисок. Ќе се обидат дефинитивно да ја погодат Барселона на деловите во кои е ранета. Од друга страна Барселона со тој минимален фонд на дефанзивци ќе мора да одигра перфектно за да дојде до победа. Барселона ќе мора да ја примени тактиката од вториот дел од натпреварот против Гетафе – згуснат среден ред, со поставување на Меси пред играчите од средината. Одбраната би требало да биде Максвел – десен бек, Пујол и Милито – централно и Кеита како лев бек. Во средина Чави, Иниеста и Бускетс и Анри и Ибрахимовиќ во нападот. Лично очекувам дека Барселона нема да се уплаши од ситуацијата. Колку и да се негативни последните случувања Барселона е силна и ќе ги надмине. Доколку коцките се поклопат и Барселона ја наметне препознатливата игра – би требало да слави.

Останува да почекаме до недела и да погледнеме колку е моќна Барселона. Ќе остане ли нулата во графата за порази или ќе се случи првиот неуспех. Доколку се случи она првото многу веројатно е дека Барселона може да ја повтори магијата на Арсенал во Премиер Лигата од сезоната 2003/04 – цела сезона без пораз. Доколку се случи второто не очекува поинтересна сезона пред се!

Нема коментари: